Зелникот на баба

Ако сакате вистински да го доживеете традиционалното приготвување на надалеку познатиот специјалитет „зелник“, но и да уживате во неговиот неодолив вкус, дојдете на манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип, кој се одржува во чест на доаѓањето на пролетта (21 март). Покрај разни видови зелници, може да вкусите и други локални специјалитети приготвени од вредните раце на домаќинките.