За Проектот
Специфична цел:
Зголемување на туристичкиот потенцијал на регионот преку заедничка
соработка за подобро зачувување и одржливо користење на природното и културното
наследство
Дејности по проектот
Главните проектни активности вклучуваат:
- Обуки за зајакнување на капацитетите „Одржливо користење на културата за развој на туризмот“. Јакнење на соработката меѓу туристичкиот и културниот сектор на 3 тродневни работилници 20 учесници на секоја работилница (по 10 учесници од секоја страна);
- Вмрежување и изработка на платформа за фестивалски и креативен туризам и промотивни решенија за дигитален туризам. Подобрување на интернет маркетингот и видливоста на културниот туризам во прекуграничната област за да се подобри дигиталното присуство;
- Обуки за вработените во локалните самоуправи и туристичкиот сектор во насока на подобрување на дигиталните вештини и експертиза. Потенцијалот на дигиталната технологија и социјалните медиуми како маркетинг алатки на културниот туризам не се доволни признаени од засегантите страни во туристичкиот и културниот сектор. Немањето на соодветни вештини е главен проблем за подигнување на компетитивноста на регионот, поради што ќе бидат организирани соодветни работилници;
- Презентација на културната традиција на Општина Гоце Делчев на културна летна програма во општините во Источниот плански регион. Ќе се организира манифестација „5 дена култура и тадиција на Гоце Делчев“ во рамки на летниот фестивал во Кочани, вклучувајќи организација и изложба на културата, традицијата и културното наследство на Општина Гоце Делчев;
- 5. Учество на Источниот регион на меѓународни пролетен фестивал на танци во Гоце Делчев. Аматерски фолклорни групи ќе присуствуваат на фестивалот со изведба на модерни танци;
- Прес конференции за промоција на проектот. Вкупно ќе бидат одржани 4 промотивни прес конференции, 2 на самиот почеток на проектот, а 2 по завршувањето на проектот;
- Изработка на видео со дигитални фрагменти на туристичите локалитети во Источиот регион и Општина Гоце Делчев. Изработка на 2 промотивни видео записи, едно за Источниот регион, едно за Општина Гоце Делчев, во кое ќе се содржат тридимензионални фрагменти од културното наследство; 8.
- Организација на тематски екскурзии за културно наследство за ученици во средни училишта. Организација на 4-дневно тематско патување во Општина Гоце Делчев (4 ноќи) за 24 учесници (20 студенти (по 10 од секој партнер) + 4 наставници (по 2 од секој партнер) од средни училишта);
- 9. Анализа важност-реализација - улога на културата и туризмот во подобрување на атрактивноста и компетититвноста на дестинацијата. Добро организирани фестивали и културни настани овозможуваат привлекување на туристи во регионот и позитивно влијание врз заедницата; 10.
- Рехабилитација на мултикултурниот центар во Кочани. овозможување услови за воспоставување на мултикултурен центар со реконструкција на стара културна градба;
- Рехабилитација на туристички центар во Гоце Делчев. Прилагодување на соодветен простор за развој на креативен туризам и воспоставување на Центар за информации за културен туризам;
Резултати од проектот
Од имплементацијата на проектот се очекуваат следните резултати:
- прилагодени 2 локации за воспоставување на Центри за информации за културен туризам;
- зголемено знаење и вештини за употреба на дигиталната технологија како маркетинг алатка;
- изработка на две промотивни видеа со избрано културно наследство во двата региона;
- вмрежување и изработка на веб платформа;
Целни групи
Проектот ќе има позитивно влијание врз следните целни групи:
- засегнати страни во туристичкиот и културниот сектор;
- изработка и промоција на културна и кретивна туристичка понуда; посетители на фестивали и туристи;
- збогатување на содржините на постојните фестивали со претставување на културните традиции на двата партнера;
- јавна администрација;
- зголемување на капацитетите поврзани со туризам;
- локално население;
- зголемување на локалните приходи и зголемување на вработувањата во културниот и туристикиот сектор;
- јавни и приватни институции;
- позитивни ефекти кон профитабилноста на културните инфраструктури;
Партнери на проектот
Водечки партнер:
Центар за развој на Источен плански регион, Република
Македонија
Проектни партнери
Општина Гоце Делчев, Република Бугарија