По повод денот на градот Македонска Каменица, секоја година на 28 август се одржува велосипедската трка „Tour de Kalimanci lake“. Должината на патеката изнесува 30-40 километри, со стартна точка кај браната Калиманци. Покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, преку трката се запознаваат и природните убавини на Македонска Каменица и Калиманското Езеро.