Рајот на штрковите се наоѓа во селото Чешиново. Штркот е дел од многубројните приказни и сказни во целиот свет и има голема традиција кај нас. Титулата „Европско село на штрковите“ е повеќе од заслужена, бидејќи тука се наоѓа едно од најголемите и највисоки штркови гнезда во Република Северна Македонија. Во оваа општина има стотина штркови гнезда, поради што селото Чешиново е дел од Мрежата на европски села на штркови и секоја година на 6 мај се одржува манифестацијата „Ден на штркот“.