Центарот за развој на Источен плански регион во периодот април-мај 2021 година во рамки на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ организираше серија на обуки за одржливо искористување на културата за развој на туризам.
Обуките се организираа заедно со партнерите од општина Гоце Делчев од Р. Бугарија и се фокусираа на зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи и културните институции од Источниот регион за креирање на интегрирана туристичка понуда со соодветна интерпретација на културното наследство.
Двете дводневни обуки беа во рамките на програмата за јакнење на капацитетите на засегнатите страни во прекуграничниот регион под менторство на г-дин Александар Гумберовски. Првата дводневна обука беше со тема „Влијанието и учеството на културата во развој на туризмот“, а додека пак втората дводневна обука се организираше под наслов „Развој на интегрирани туристички производи и туристичка понуда“.
Обуките беа организирани во две сесии по два дена, со интерактивна работа, согласно сите здравствени протоколи и мерки, на комбиниран начин на работа со физичко присуство и виртуелни комуникациски средства, на кои учество земаа вкупно 40тина учесници од прекуграничниот регион.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија.