Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 05-09.07.2021 година реализираше уште една активност во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија.
Ученичката екскурзија се реализираше во општина Гоце Делчев во Република Бугарија, на која десетина ученици од средните училишта од регионот заедно со свои врсници од Бугарија споделуваа знаења и разменуваа културни традиции, фолклорно наследство, учеа како се изработуваат стари занаети и ги истражуваа туристичките потенцијали на општина Гоце Делчев. Ученичката екскурзија беше во организација на проектниот партнер Општина Гоце Делчев, со што се приведоа кон крај предвидените проектни активности