Ратевски бамбурци

Традицијата на локалните жители што прерасна во карневал се одржува секоја година на 20 јануари во селото Ратево. Учесниците се маскираат во кожи од разни животни и го прогонуваат злото со големи метални ѕвонци. Самиот збор „бамбурци“ во Малешевијата означува нешто многу страшно, кое мора да се растерува со нешто уште пострашно. Така и жителите, прават маски и страшна облека од кожа од говеда, овци, кози и од птици секоја година и по два-три месеца, во прослава на традицијата на предците, кои со векови ги растерувале злото и болестите кај луѓето и кај добитокот.