Платанови стебла

Во центарот на селото Мородвис, по страните на Морошка Река ќе забележите група необични стебла од дабот платан (Platanus orientalis), чија старост се проценува на над 500 години. Поради својата фасцинантност и уникатност, платановите стебла се заштитени како Споменик на природата, а просторот околу нив е уреден за посетители. Како што раскажуваат локалните жители, платаните се неми сведоци на бурните, вековни историски случувања на овој простор.