Почитувајќи ја оставината од минатото во знакот на традицијата и старите свадбарски обичаи, која го чува пијанечкиот идентитет, посебно свадбарските обичаи, кои под влијание на новото време се во опасност од исчезнување, се она што ја прави карактеристична пијанечко-малешевската свадба. Целта на пијанечко-малешевската свадба е да се зачуваат од заборав обичаите и традициите, народната носија, песните и ората, кои со векови ги негувале луѓето од Пијанец и Малеш. Организатор на манифестацијата е КУД „Гоце Делчев“, а покровител градоначалникот на Општина Делчево.