„Пастрмалијада“ – Штип

Пастрмалијата е македонски специјален вид пита направен од тесто и месо. Традиционалната пастрмалија има долгнавеста форма со сечкано месо врз неа. Името потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне, меѓутоа денес се приготвува од свинско или пилешко месо. Секоја година, обично во месец септември, во Штип се организира еден од најпосетените настани во овој регион – Штипската пастрмалијада, и во период од неколку дена посетителите имаат можност да се забавуваат со голем број естрадни уметници и да го пробаат овој надалеку познат специјалитет.