Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беше отворена Младинска канцеларија од страна на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница.
Уредувањето и опремувањето е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“ имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).