Едно од најголемите богатства на Република Северна Македонија и нејзина вистинска гордост претставуваат надалеку познатите кочански оризови полиња. Поради својата голема вредност за македонското стопанство, оризот е наречен и „кочанско бело злато“. За кочанскиот ориз се врзани и бројни гастрономски специјалитети, карактеристични за Кочанската Котлина. Одгледувањето ориз и начинот на неговото производство се посебна атракција за луѓето што првпат го гледаат тоа.