По повод 28 август, Ден на рударите, Успение на Пресвета Богородица, патрон на Пробиштип, во деновите од 24 август до 28 август се одржува манифестацијата „Недела на спорт и култура“. Секој ден се организира по еден спортски и културен настан. Се организираат спортски турнири во мал фудбал, Street ball, одбојка на песок и тенис, а истовремено во центарот на градот се одржува културна манифестација на отворено: театарска претстава, вечер на музиката и модата, џез-вечер, фолклорна вечер, вечер посветена на македонската музика и вечер со балканска ѕвезда.