Манастир „Св. Спиридон Чудотворец“

Манастирот „Св. Спиридон Чудотворец“ e метох на Лесновскиот манастир. За првпат се спомнува во 13 век, но во текот на османлиското владеење бил запуштен и уништен. На темелите на овој манастир, во 2006 година е изграден нов манастир. Манастирот е познат како Зеленградски манастир бидејќи се наоѓа во близина на селото Зеленград, на 7 километри од Пробиштип, по патот што води кон браната во кратовското село Кнежево. Во минатото бил машки манастир. По неговото обновување, функционира како женски манастир.