Саем посветен на традиционалната и етнокултура на луѓето од Малешевијата, со изложбено-продажен карактер и голема посетеност од локални и гости од државата. Понудата е разновидна, од производите од млеко и неговите преработки, вклучувајќи го надалеку познатото малешевско овчо сирење, мед и пчелни продукти – прополис, восок, матичен млеч и др. – како и дивите шумски плодови, но и традиционалните земјоделски производи: компири, грав, тикви и други локални производи. Неизоставен дел се и предметите изработени од вештите раце на вредните домаќинки, традиционалните преработки од волната (килими, јамболии, облека), но и други ткаени, плетени и везени работи. Се изложуваат и разни сувенири, резби и други преработки од дрво, како и сувенири изработени од друг материјал.