Малеш и Пијанец

Сместен во крајниот источен дел на регионот и на државата, вдолж горниот тек на реката Брегалница, Малеш и Пијанец се исклучително атрактивна и комплексна природна целина составена од питоми планини со колоритни шумски комплекси, бројни извори, рекички и клисури. Спуштајќи се од Малешевските Планини, покрај Влаина и Голак, реката Брегалница, заедно со своите кратки и брзи притоки создала атрактивни клисури со водопади, брзаци и слапови, магично вткаени во мешовитата шумска покривка. На падините на овие планини се сместени повеќе населби, меѓу кои Берово и Пехчево, како и Делчево, кое е распослано во Пијанечката Котлина. Сите тие имаат зачуван автентичен начин на живот, култура и традиција, претставени преку обичаите, манифестациите, гастрономијата и културно-историските споменици, како сведоштва на човековото творештво во минатото и сегашноста. Така, ладовината, мирот, спокојот и чистиот воздух ја прават храната уште повкусна, а познатите малешевски специјалитети уште послатки. Од нив најбарани се: леб во фурна наполнет со селско месо, компир приготвен на разни начини, малешевското сирење и многу други вкусови, кои ќе ви остават толку силен впечаток што повторно ќе сакате да се вратите и да ги почувствувате. Во Малеш и Пијанец идентификувани се 45 стари вековни дрвја, меѓу кои со најголема старост од 630 години е стеблото од даб плоскач кај месноста Вртиславци.

Пијанечко-малешевска свадба

Почитувајќи ја оставината од минатото во знакот на традицијата и старите свадбарски обичаи, која го чува пијанечкиот идентитет, посебно свадбарските обичаи, кои под влијание на

Ратевски бамбурци

Традицијата на локалните жители што прерасна во карневал се одржува секоја година на 20 јануари во селото Ратево. Учесниците се маскираат во кожи од разни

Малешевијата на дланка

Саем посветен на традиционалната и етнокултура на луѓето од Малешевијата, со изложбено-продажен карактер и голема посетеност од локални и гости од државата. Понудата е разновидна,

Голачки фолклорни средби

Ова е настанот што негува долга традиција на културно-уметничка фолклорна програма на христијанскиот празник Св. Пантелејмон. Главна атракција е минувањето на ноќта на отворено со

Манифестација „Пехчевски Павловден“

Традиционалниот етно саем „Пехчевски Павловден“ се одржува секоја година на 13 јули, по повод верскиот празник Павловден, кој е празник на градот. На овој саем

Пијанечки денови на сливата

Дали сте знаеле дека Пијанец е познат по одгледувањето сливи, а во таа чест, околу 20 септември, во Делчево се организира манифестација посветена на сливата.

Беровско Езеро

Во пазувите на Малешевските Планини, помеѓу густите борови и букови шуми, се наоѓа преубавото Беровско Езеро. Езерото лежи на надморска височина од 1.000 метри, оддалечено

Градиште

На ридот над делчевското село Град доминираат остатоци од тврдина, која веднаш ќе го привлече вашето внимание. Тука се наоѓа археолошко наоѓалиште, кое се претпоставува

Стамер

Тоа е село во кое се наоѓа единствениот палеонтолошки локалитет, каде што се пронајдени фосили стари од 3 до 10 милиони години. По откривањето фосили

Камени кукли во Кукуље

Кај селото Нов Истевник, на половина пат меѓу градовите Пехчево и Делчево, на падините на малата планина Бејаз Тепе или Средна се наоѓа уникатната природна

Црнички мелови

Во подножјето на Влаина, реката Желевица со нејзините десни притоки создала фасцинантни ерозивни појави наречени мелови. Најголемите мелови се во близина на селото Црник, односно

Пехчевски водопади

На само десетина километри југоисточно од Пехчево, водотеците на изворишните притоки на реката Брегалница (овде позната како Валавичка Река) создале неколку преубави водопади, високи помеѓу

Ченгино Кале

Тоа е еден од најживописните локалитети на Малешевските Планини, кој лежи на самата граница со Република Бугарија. Познато е по тоа што ова место претставува

Малешевски Планини

Овој зелен, шумовит планински рај се наоѓа на крајниот источен дел на Република Северна Македонија. Со своето полукружно протегање ја обликува изворишната челенка на реката