Во месец јули, во селото Лесново се собираат дваесеттина уметници од Република Северна Македонија, од соседството, но и од пошироко. Во текот на десетина дена во Лесновскиот локалитет, тие творат и ги сликаат своите слики, од кои дел остануваат во трајна сопственост на Домот на културата, односно на Општина Пробиштип. Значајно е тоа што овде имаат продефилирано голем број познати уметници, кои имаат оставено голем број вредни ликовни дела. Целата манифестација е пропратена со богата програма, почнувајќи од свечено отворање, преку посети на познати личности, потоа посета на локалитети и значајни стари занаети и културно-историски споменици, организирање забави, сѐ до свеченото затворање.