Кањон Камник

Во северозападното подножје на планината Плачковица, кај селото Радање, поточно во долината на Радањска Река можете да го посетите малиот, но мошне впечатлив кањон Камник. Тој е создаден со всекување на малата рекичка Шаплак во цврсти и отпорни карпи. Посебна убавина на кањончето му даваат разнобојните слоеви на карпи, бројните вирови и малите водопади покрај кои се поминува и од кои ќе почувствувате вистински адреналин.