На ридот над делчевското село Град доминираат остатоци од тврдина, која веднаш ќе го привлече вашето внимание. Тука се наоѓа археолошко наоѓалиште, кое се претпоставува дека било доцноантички град. На овој локалитет, познат како Градиште, кој датира од енеолитот (бакарното време), се пронајдени грчки, римски и византиски монети, камени садови, керамика, питоси, женско божество, кое датира од пред 5.500 години, бронзени крстови и слично.