Манифестацијата „Ден на штркот“ се одбележува секоја година во селото Чешиново, кое е членка на Мрежата на европските села на штркови и каде што се наоѓа најголемото штрково гнездо во Република Северна Македонија. Во рамките на „Денот на белиот штрк“, во селото Чешиново се одржува манифестација посветена на штркот, а посетителите може да го видат еко-етно паркот со инфо-куќички и набљудувачници за птици, детски забавни реквизити и макети на белиот штрк.