Овој даб, т.н. белски чинар, чија старост се проценува на околу седум века, се смета за едно од најстарите стебла во овој регион, поради што е прогласен за природна реткост. Се наоѓа на ритчесто возвишение во дворното место на манастирскиот комплекс „Св. Илија“, еден километар северно од селото Бели. Неговите димензии се импозантни: обемот на стеблото изнесува 5,90 метри, а височината околу 20 метри.