Лоцирана е на десетина километри североисточно од Штип, во месноста Горни Козјак и е една од најстарите цркви во Република Северна Македонија. Според начинот на ѕидањето, црквата може да датира од 11-12 век, а се претпоставува дека црквата е обновена во 14 век. Црквата е живописана во неколку фази и од неколку мајстори, но денес, голем дел од тој живопис е уништен.