Обичајот „Чет’рсе“ е првиот македонски обичај на светската Листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство. Овој уникатен и вековен обичај се практикува на верскиот празник „Св. 40 Маченици“ (22 март), кога луѓе од сите генерации се искачуваат на Исарот и попат се поздравуваат со 40 луѓе. Младите попатно собираат 40 камчиња, од кои 39 фрлаат во реката Брегалница, а едно оставаат за под перница и, според верувањето, таа вечер ќе го сонуваат својот животен сопатник.