Беровско Езеро

Во пазувите на Малешевските Планини, помеѓу густите борови и букови шуми, се наоѓа преубавото Беровско Езеро. Езерото лежи на надморска височина од 1.000 метри, оддалечено 6 километри југоисточно од градот Берово. Пријатната клима, чистиот воздух, прекрасната природа, разновидниот жив свет, можноста за пешачење, велосипедизам, кајакарење или едноставно опуштање во оваа воздушна бања, ќе ве наполнат со позитивна енергија. За сместување, секогаш ќе најдете нешто што е по ваша мерка, од мали вили, до хотели, а вкусните малешевски специјалитети ќе можете да ги пробате во локалните ресторани или на планинските бачила.