На патот помеѓу Штип и Радовиш, во близина на езерото Мантово, изградена е првата Апи комора во источниот регион. Апи комората, всушност, претставува една мала просторија за релаксација каде што со помош на сандачиња со пчели се врши инхалација на разни етерични масла од сите пчелни производи – мед, полен, прополис, перга, со што се подобрува работата на белите дробови и зајакнува имунитетот.