На 20-тина километри јужно од Штип, на патот кон Радовиш, се поминува покрај повеќе стари вулкански купи, меѓу кои најимпозантни се Пилав Тепе од левата и Плоча од десната страна на патот. Токму на Плоча има еден карпест отсек висок 100 метри, на кој се поставени десетина алпинистички насоки. Освен уживање во адреналинското чувство, од врвот на карпата се протега преубав панорамски видик. Секако, ова незаборавно доживување е препорачливо само за искусни алпинисти и качувачи.