Центарот за развој на Источен плански регион на ден 01.07.2021 година во реконструираниот објект Мултикултурен Центар во Кочани ја одржа завршната конференција по проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“.
На завршната прес конференција присуствуваа претставници од проектниот тим, општина Кочани, медиуми, претставници од други културни институции од државата, како и претставници на проектниот партнер Општина Гоце Делчев и други гости од Република Бугарија.
На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности со проектот, како и резултатите од спроведените обуки и работилници, како и инфраструктурните активности во двата прекугранични региони.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија, се реализираше во период од 24 месеци, со вкупен буџет од околу 560.000 евра.