Успешна презентација на Источниот плански регион на Меѓународниот ден на танцот

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 29-30.05.2021 година во рамки на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ учествуваше на Меѓународниот ден на танцот во организација на општина Гоце Делчев во Р. Бугарија.

На настанот свој настап имаа и дваесетина учесници од две фолклорни друштва од регионот, ФА Љупчо Сантов од Оризари и Ансамбл за традиционална музика и игра Митко Алексов од Кочани, кои што ја претставија културната традиција, обичаи и наследство на Источниот плански регион на Меѓународниот ден на танцот, заедно со уште десетина други фолклорни групи и ансамбли од регионот.

На настанот на покана на градоначалникот на општина Гоце Делчев г-дин Владимир Москов присуствуваа и претседателот на Советот за развој на Источен плански регион Д-р Сашко Николов и градоначалникот на општина Кочани г-дин Николчо Илијев.

Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија.