Во присуство на граѓани, претставници на здруженија, институции и на приватниот сектор од Кочани, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа втората работилница за изработка на Стратегијата за безбедност на сообраќајот во Кочани, организирана од Општина Кочани.
Во координација на општинскиот инспектор за патен сообраќај во Општина Кочани Жаклина Пауновска Анѓелковиќ, се работеше свот анализа, при што учесниците ги забележаа силните и слабите страни, можностите и заканите за безбедноста во сообраќајот. Исто така беше презентирана и работната верзија на Сообраќајниот проект за централното градско подрачје и воведување зонско паркирање во Кочани.