Државен фестивал на аматерски филм на Македонија

Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа 52 Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. 

Наградите од UNICA ги добија, за 2021 година – Владимир Ангелов, директор на Кинотека на Македонија, за 2022  година – Драган Велјановски, режисер и претседател на Академскиот киноклуб.

На Фестивалот се обрати и наградите ги додели претседателот на Советот на Општина Кочани Лазо Митев, а кочанската публика ја проследи проекцијата на аматерски филмови изработени на фестивалскиот конкурс.

Во рамките на Фестивалот, во ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари се одржа Третата школа за непрофесионален филм „Стефан Сидовски Сидо“. Работилницата за подготовка на кратки филмови ја одржаа: проф. д-р Мишо Нетков, м.а.ф. Петре Чаповски, Јане Темелковски, Мице Чаповски, Драган Велјановски и Пере Митрев.

Педесет и вториот Државен фестивал на аматерски филм на Македонија финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а се реализираше со поддршка од Општина Кочани.