Во Мултикултурниот центар во Кочани денеска се реализираше музичко – фолклорниот настан „Детска патувачка фолк библиотека“ при што беа промовирани две фолк-сликовници.На интерактивниот настан со музички изведби учествувааа ученици од основните училишта од Кочани и населбата Оризари кои го претставија македонското фолклорно наследство на младите генерации. Настанот бешe во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“, во соработка со ООМУ „Ристо Јуруков“ и „ФОЛКОНИКА“- Центар за зачувување на македонската фолк музика, фолклорно творештво, едукација и иновации за деца.