Во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа еднодневна информативна работилница за ИПАРД 3 програмата за рурален развој. На оваа работилница беа презентирани мерките за финансирање на проекти од ИПАРД програмата.
Во текот на работилницата беше изложена третата ИПАРД програма, преку која земјоделските стопанства можат да добијат финансиска поддршка за подобрување на материјалните средства, вклучувајќи инвестиции во објекти и опрема, преработка и маркетинг на земјоделските производи, со фокус на прилагодување и надградба за постигнување на стандардите на Европската Унија. Освен тоа, програмата обезбедува финансиска поддршка за диверзификација и развој на рурални економски активности, вклучувајќи и руралниот туризам.