Селото Делчево се наоѓа на 8 км. над градот Гоце Делчев и ги импресионира посетителите со својот ренесансен дух и автентичност. Селото потекнува од 17 век за време на османлиското владеење во Бугарија. Карактеристични белези на с. Делчево се зградите, еден вид архитектонски ансамбл од национално и меѓународно значење. Тие претставуваат типични градби од тоа време, кои биле изградени на камени темели, високи до три ката и со многу прозорци. Туристите можат да го посетат комплексот од 30 импресивни ренесансни куќи, кои се дел од 64-те споменици на културата. Прекрасно место е црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која датира од 1838 година. За љубителите на природна убавина има прекрасни еко-патеки кои водат до неверојатни места во планините.