Најголемиот фестивал на забавна музика во Република Северна Македонија – „Макфест“ се одржува во Штип. Фестивалот продуцираше над 1.000 композиции, од кои најголемиот број се хитови, а сега евергрини. Своите ѕвездени мигови, многу пејачи ги имале токму на овој фестивал. „Макфест” многу години беше единствениот промотор на македонската музика надвор од државата. Во рамките на поранешна Југославија беше интернационален фестивал, со многу гостувања на познати странски музички имиња, а по осамостојувањето стана најголем домашен музички бренд.