Тодорови трки во Виница

По повод верскиот празник „Св. Тодор“, секоја година во Виница се одржуваат надалеку познатите Тодорови трки, кои се неразделен дел од минатото и традицијата на овој крај со векови наназад. Целта на овој настан е негување на спортските обичаи, кои пред стотина и повеќе години се практикувале на ова место. На тој начин се продолжува традицијата и се зајакнува регионалната соработка и комуникацијата помеѓу луѓето од различни возрасти и култури.