Тоа е едно од најубавите села во северното подножје на планината Плачковица и центар на истоимената општина. Името доаѓа од двете главни занимања на жителите на оваа општина, „зрно и овци“, односно одгледување зрнести култури и сточарство. Симболот на Зрновци се оризовите полиња. Низ селото тече живописната Зрновска Река, на чии брегови има повеќе атрактивни угостителски објекти.