Водопади на Џуџевска Река

Дека водата е живот, но и извор на убавина, потврдуваат водопадите на Џуџевска Река. Шумот на водата, заедно со бујната вегетација, разновидната шума и многубројните птици остава впечаток на исконска природна убавина. Џуџевските водопади ги прави уште попривлечни за посетителите и нивната местоположба. Се наоѓаат во близина на магистралниот пат Виница – Берово.