Се наоѓаат непосредно под врвот Туртел на планината Плачковица. Настанале со карстна ерозија во мермерните карпи присутни во вид на тесен појас на овој простор. Досега се истражени пет пештери, од кои најдолга е Големата пештера со должина од околу 600 метри. Таа претставува вистински бисер со своите пештерски украси и предизвик за спелеолозите. Речиси сите наведени пештери се лесно достапни за посетителите и до нив водат маркирани патеки.