Традиционалниот етно саем „Пехчевски Павловден“ се одржува секоја година на 13 јули, по повод верскиот празник Павловден, кој е празник на градот. На овој саем учествуваат поголем број ракотворци и занаетчии, а посетителите можат да ги вкусат традиционално приготвените локални специјалитети. Во истиот период, во Пехчево се одржува и веќе надалеку познатиот Фестивал на дувачки оркестри, со кој се промовира традиционалната музика и се афирмираат дувачките оркестри.