Пијанечки денови на сливата

Дали сте знаеле дека Пијанец е познат по одгледувањето сливи, а во таа чест, околу 20 септември, во Делчево се организира манифестација посветена на сливата. Овој настан ја слави сливата како исклучително важна овошка, која претставува препознатлив бренд за областа. На настанот може да се вкусат најразлични слатки и солени јадења произведени од сливи, како и надалеку прочуената ракија од сливи, кај населението позната како „сливка“.