Тоа е село во кое се наоѓа единствениот палеонтолошки локалитет, каде што се пронајдени фосили стари од 3 до 10 милиони години. По откривањето фосили со делови од хипарион (коњ со три прста), елен, мастодонт, остатоци од жирафа од раниот плиоцен, остатоци од носорог и друг вид пикермијска фауна, Стамер се најде на светската палеонтолошка мапа затоа што за првпат на европско тло е пронајден гигантски рог од нов вид жирафа, со кој се потврдува размената на животни меѓу Јужна Европа, Азија и Африка.