Камени кукли во Кукуље

Кај селото Нов Истевник, на половина пат меѓу градовите Пехчево и Делчево, на падините на малата планина Бејаз Тепе или Средна се наоѓа уникатната природна појава Кукуље. Скриено во густата борова шума, на надморска височина од 880 метри, Кукуље крие десетици земјени столбови или „камени кукли“, кои наликуваат на човечки фигури и биле инспирација за бројни легенди. Сепак, „куклите“ настанале со вековното дејство на водата врз карпите, обликувајќи чудесни форми високи до 15 метри. Инаку до овој атрактивен и уреден локалитет води обележана пешачка патека долга околу 1 километар.