На само десетина километри југоисточно од Пехчево, водотеците на изворишните притоки на реката Брегалница (овде позната како Валавичка Река) создале неколку преубави водопади, високи помеѓу 4 и 10 метри. Меѓу нив, најимпозантни се: водопадот Скокото на Валавичка Река, Спиковски водопад, Црнодолски водопад и уште неколку помали водопади. Иако се преубави во сите периоди од годината, сепак, нивната убавина доаѓа до полн израз во пролетните и во есенските месеци, кога се полноводни.