Тоа е еден од најживописните локалитети на Малешевските Планини, кој лежи на самата граница со Република Бугарија. Познато е по тоа што ова место претставува најисточна точка во Република Северна Македонија, со истакнат врв висок 1.745 метри, од кој се протега извонреден поглед кон околните планини и долини. Под самиот врв има две мали природни езерца, познати како Орлови Очи. Овде се и главните извори на малешевската убавица – реката Брегалница.