Се одржува во втората половина на месец септември, кога се означува почетокот на жнеењето на оризот во Кочанско Поле. Посебна атракција е зажнејувањето на оризот со срп, со жетвари облечени во традиционална народна носија. Во настанот се вклучени сите адети што датираат од минатото, како што се благословување на жетвата, ручек на нива, натпревар во жнеење и пеење меѓу жетварите и на крајот врзување снопје.