Истибањско здравоживо

Ако сакате да го видите сиот раскош на традиционалните носии, проследени со игри и песни од овој крај, но и од разни делови на светот, дојдете и присуствувајте на овој меѓународен фолклорен фестивал. Манифестацијата што се одржува во втората половина на месец септември, во живописното село Истибања, има децениска традиција. Започнува со фолклорно дефиле на учесниците, како и со фрлање цветни венчиња во реката Брегалница, што е традиционален обичај на истибанчани.