Пештерна црква „Св. Богородица“

Се наоѓа на околу 1 километар југозападно од Лесновскиот манастир, на левиот брег на Лесновска Река, оспособена за испосничко живеење во петтата или во шестата деценија на 14 век. Пештерата служела како испосница на испосникот Серапион, кој живеел во 14 век, во времето на злетовскиот епископ Арсение. Една од највпечатливите одлики на пештерната црква е фреско-композицијата со натпис, кој, иако многу оштетен и тешко читлив, дава драгоцени податоци за времето кога била населена.