Последната воденица во Кочанско

Воденичарството било чест занает во минатото. Во денешно време, ретко може да се сретне некоја воденица, особено воденица што сѐ уште функционира. Една од последните активни воденици се наоѓа на Кочанска Река. Тоа е Каракашката или Белската воденица, која се наоѓа на патот кон езерото Гратче, а била изградена во 19 век.