Манастирски комплекс „Св. Пантелејмон“

Во живописното селце Пантелеј, во пазувите на Осоговските Планини, на само 12 километри од Кочани се наоѓа манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“. Овде, уште во 1877 година била изградена малата селска црквичка „Успение на Пресвета Богородица“, за потоа, во 1885 година да биде изграден и целиот манастирски комплекс. Преубавата црква што е посветена на светиот великомаченик Пантелејмон има впечатлив живопис и иконостас. Манастирскиот комплекс низ годините имал улога на црковен, духовен, литературен и образовен центар, кој служел и за описменување на населението. Празникот на манастирот и на селото Пантелеј е на 9 август. На овој ден, голем број верници и туристи го посетуваат местото, кое им нуди и можност за преспивање во манастирските конаци. Старата камбанарија на црквата сѐ уште функционира како потсетник за богатата духовна историја на овој дел од Осоговските Планини.